Поранешниот репрезентативец на Југославија и Хрватска, член на славните генерации на Југопластика и Чикаго Булс, Тони Кукоч, рекол дека не знае дали некогаш ќе влезе во Куќата на славните и дополнил дека на оваа тема повеќе не сака да зборува.
Кукоч беше номиниран во класата 2020, но трет пат по ред, а вкупно осми во кариерата не успеа да влезе во Куќата на славните во Српингфилд. Од класата 2020 беа избрани Кевин Гарнет, Коби Брајант, Тим Данкан…
„Искрено многу повеќе ми значи што играв со Мајкл Џордан и што освојував титули во НБА. Не можам да влијаам дали ќе влезам во Куќата на славните. Тоа треба да ги прашате луѓето кои одлучуваат за тоа. Би сакал да знам кои с тие луѓе. Наводно не се знае кои се тие бидејќи не биле јавно претставени. Дали некогаш ќе ме примат во Куќата на славните, не знам. Дали би сакал? Секако. Ете мина уште една година и повотрно ништо не се случи“, рекол Кукоч за „Тпортал“.
Кукоч во кариерата во кариерата има шест титули со Чикаго Булс, три во Лигата на шампионите со Југопластика, светско злато со Југославија, со државата која повеќе не постои два пати бил европски првак. Покрај тоа има сребрени медали од ОИ во 1988 со Југославија и ОИ во 1992 со Хрватска.