Top Sport

Илиевски: Горд сум на двете победи на Пелистер во АБА 2

Македонскиот претставник Пелистер го совлада Шенчур од Словенија со 71:67 и ја оствари втората победа на стартот на регионалната АБА-2 лига и турнирот во Златибор.
По натпреварот, тренерот Марјан Илиевски не го криеше задоволството од постигнатиот успех.

„Горд сум што ги победивме двата натпревари, иако беше речиси невозможна мисија пред Златибор поради кусиот ростер. Целта ни беше да се прикажеме најдобро што можеме и да се вратиме здрави. Не стигна замор во третата четвртина, што беше очекувано поради кратката ротација, а противникот ги казни нашите грешки со поени од транзиција. Сепак, среќен сум затоа што мечот заврши вака и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во победнички ритам“, изјави Илиевски по натпреварот.

Пелистер во АБА-2 славеше и во македонското дерби со ТФТ.

Scroll to Top