Ноќта во која Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, Никола Јокиќ исто така продолжи да урива рекорди. Во убедливиот триумф на Денвер против Минесота (146:112), тој постигна 20 поени, 16 асистенции и 12 скока и стигна до четвртиот последовен трипл-дабл, а десетти во последните 12 настапи.
Тоа е вкупно 19. вакво остварување во сезоната за Јокиќ и 95. во кариерата.
Сето тоа го стори за само 28 минути игра. За толку кусо време на терен, само Ирвин Меџик Џонсон и Расел Вестбрук оствариле трипл-дабл со најмалку 20 поени, 15 асистенции и 10 скока, пред Никола Јокиќ.
Џа Морант со 34 поени, шест скока и седум асистенции ги предводеше Мемфис Гризлис до триумф над Чикаго Булс.
Резултати НБА: Орландо – Њујорк 98:102, Бруклин – Феникс 112:116, Њу Орлеанс – Атланта 116:107, Мемфис – Чикаго 104:89, Денвер – Минесота 146:112, ЛА Лејкерс – Оклахома 130:133.