Top Sport

Јокиќ на ниво, но Денвер поразен од Торонто

Кошаркарите на Денвер загубија од Торонто Репторс со 115:127 и покрај новата добра партија на Никола Јокиќ. Сепак, тој не се запиша како стрелец во последната четвртина, која во добар дел ја мина на клупата, а следеше непријатен пораз за Денвер на кого сега му „виси“ пласманот во плеј-офот.

Tокму во овој период Торонто Репторс направија пресврт и од осум за кратко време стигнаа до двоцифрена разлика. Серијата 10:2 беше направена на нешто помалку од четири минути пред крајот, а за Нагетс немаше враќање.

Јокиќ постигна 26 поени, а најблиску до него од соиграчите беа Бонси Хиланд со 17 и Вил Бартон со 16, со лош процент на реализација на шутот.

Кај Торонто Репторси, одличен беше Паскал Сијакам со 33 поени, седум асистенции и пет скока, а Скоти Барнс за малку пропушти „трипл-дабл“ со 25 поени, осум скока и десет асистенции. Крис Бачер додаде 21 поен и 10 скока.

Јута Џез забележа нова победа совладувајќи го Сакраменто Кингс со 134:125. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 26 поени, најмногу во стартната петорка на својот тим, а одличен беше и Донован Мичел со 25 поени, пет скока и шест асистенции. Најдобар во победничкиот тим беше Џордан Кларксон, кој влезе од клупата и го собори рекордот во кариерата од 45 поени. Тој ги реализира сите осум слободни фрлања, а имаше и четири скока и две асистенции.

Голден Стејт Вориорс го совлада Милвоки Бакс со 122:109. Во победничкиот тим се истакна Клеј Томпсон со 38 поени, додека Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 31 поен и осум скока.

Резултати НБА: Чикаго – Кливленд 101:91, Мајами – Минесота 104:113, Сан Антонио – Индијана 108:119, Голден Стејт – Милвоки 122:109, Денвер – Торонто 115: 127, Јута – Сакраменто 134:125, Портланд – Вашингтон 127:118.

Scroll to Top