Кошаркарот на Денвер, Џамал Мареј, би можел да го пропушти претстојниот Мундијал поради повреда.
Ова за Баскетњуз го изјави генералниот директор на Кошаркарскиот сојуз на Канада, Роуан Барет.
Мареј минатата сезона со Денвер ја освои титулата во НБА лигата. Во сезоната имаше просек од 20 поени, четири скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Канадската репрезентација ги започна подготовките за Мундобаскетот, а најдобриот играч на оваа селекција е неизвесен на СП кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Мареј тренираше со соиграчите од канадската репрезентација, а Барет истакна дека лекарскиот тим ќе ја донесе конечната одлука.
„Мареј дојде на подготвките по многу долга сезона и повредата што ја имаше. Мислам дека треба да бидеме внимателни и паметно да реагираме. Тој е многу уморен, мораме да работиме со нашиот медицински тим и на крајот да ја донесеме вистинската одлука за Мареј. Тој сака да игра за Канада на Светското првенство, сака да биде со нас, но лекарскиот тим наскоро ќе донесе конечна одлука“, изјави Барет за канадски „ТСН“.
Канада на Светското првенство ќе игра во групата Х со Летонија, Либан и Франција.