Top Sport

Кемба се врати со 29 поени, Никси повторно загубија

Кемба Вокер по девет натпревари се врати во составот на Њујорк никс, завршувајќи со 29 поени во 37 минути против Бостон селтикс, но ослабениот тим на тренерот Том Тибодо (девет кошаркари беа во аут поради КОВИД-протоколот), загуби со 114:107 од Бостон селтикс во саботата.

„Сакам само да играм. Не знам дали ќе останам во Њујорк, не знам што носи иднината, но имам уште дададам на теренот“, вели Вокер.

Двојната одмазда на Вокер на крајот не успеа – против Селтикс кои го продадоа ова лето, и против Никс и тренерот Тибодо, кој го исклучи од ротацијата пред три недели.

Голден Стејт вориорс пак, без првата ѕвезда Стеф Кари и повеќе првотимци загубија со 119:100 на гости кај Торонто репторс. Фред Вавилт имаше 27 поени и 12 асистенции за Торонто, Скоти Барнс додаде 21 за голема победа. Вориорс остануваат најдобар тим во лигата со 24-6 скор, додека Торонто сега имаат 14-15.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бостон – Њујорк 114:107

Бруклин – Орландо 93:100

Торонто – Голден Стејт 119:100

Оклахома – ЛА Клиперс 104:103

Милвоки – Кливленд 90:119

Јута – Вашингтон 103:109

Scroll to Top