Top Sport

КК Гостивар се раздели со тренерот Јончевски

Кошаркарскиот прволигаш Гостивар се раздели со тренерот Алек Јончевски. По серијата слаби резултати на тимот, раководството на клубот донесе одлука за разделба. Гостивар загуби на домашен терен од Феникс во второто коло од разигрувањето за титулата, по што управата се реши да ја прекине соработката со успешниот стручњак.

Јончевски дојде на оваа функција во Гостивар во април 2021 година.

Целта на КК Гостивар е да обезбеди пласман во полуфиналето од плеј-офот, а многу брзо треба да биде објавено и кој ќе го наследи Јончевски на клупата.

Scroll to Top