Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја забележаа втората победа во новата сезона. Клиперс во дербито славеа над Голден стејт Вориорс 1412:122. Во второто дерби Милвоки Бакс ги надиграа Хјустон Рокетс 117:111.
Клиперс против Вориорс победата ја најавија на почетокот кога поведоа со 14:0. Вориорс неколку пати се враќаа на минус од четири поени, но не успеаја да направат предност. Работите околу конечниот победник станаа јасни кога Клиперс во третиот период се одлепија на 31 поен разлика.
Лу Вилијамс со 22, односно Каваи Ленард со 21, 5 скока и 9 асистенции ги предводеа Клиперси. Кај Вориорс се истакнаа Стеф Кари со 23 поени, односно Дианџело Расел со 20 поени и 8 асистенции.
Јаниас Адетокумбо од почетокот на сезоната заигра МВП ниво. Го предводеше Милвоки со трипл-дабл до победата во Хјустон.
„Грик Фрик“ мечот го заврши со 30 поени, 13 скока и 11 асистенции. Адетокумбо стана првиот играч во историјата на Милвоки, кој во првиот меч во сезоната забележал трипл-дабл.
Џејмс Харден за Хјустон забележа 19 поени, 7 скока и 14 асистенции, додека Расел Вестбрук заврши со 24 поени, 16 скока и 7 асистенции.