Top Sport

„Кнезовите“ со пресврт до победа против Басконија

Кошаркарите на Монако стигнаа до пресврт во неизвесна завршница и славеа над Басконија со 79:74 во натпреварот од осмото коло на кошаркарската Евролига. Избраниците на Саша Обрадовиќ заостануваа во поголемиот дел од последниот период, но благодарение на расположениот Ели Окобо, кој на крајот ги постигна речиси сите поени за „кнезовите“, успеаја да направат пресврт и да остварат победа.

Окобо беше убедливо најефикасен кај победникот со 22 поени. На Басконија вечерва не и беа доволни 17 поени од расположениот Пјер Анри и 13 поени од Дариус Томпсон.

По оваа победа Монако има 6-2 и го дели второто место со Олимпијакос, додека Басконија има половичен ефект од четири победи и исто толку порази.

Кошаркарите на Жалгирис на својот терен во Каунас ја совладаа Олимпија Милано со 71:62.

Домашната екипа до победата ја предводеше одличниот Кинан Дејвис со 21 поен, тој беше и единствениот двоцифрен во тимот од Каунас.

Scroll to Top