Легендарниот Коби Брајант во разговор со новинарите на Ју-Ес опен рекол дека никој не треба да ја потценува репрезентацијата на САД која ќе ја брани светската титула на шампионатот во Кина.
„Имаме одлични играчи. Мислам дека тоа ќе биде дополнителен мотив за тимот, бидејќи сите ги отпишаа откако отпаднаа најголемите имиња. Луѓето сега не ги доживуваат како фаворити. Но тие млади играчи ќе бидат носители на играта во своите тимови за две до три години. Ќе биде е во ред во Кина“, рекол Брајант.
Одговарајќи на прашањето на новинарот на „Спортклуб“, Коби со комплименти говорел за репрезентацијата на Србија.
„Србија ќе има можност да ги победи САД. како и секогаш имаат одлични играчи ќе биде врвен меч доколку дојде до него, ќе видиме што ќе се случи“.
Инаку според ФИБА прв фаворит на СП во Кина е Србија, а Американците се втори.