Top Sport

Комесарот за натпревари на КФСМ имаше состанок со прволигашките тренери

На иницијатива на комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, денеска, во просториите на Кошаркарската федерација се одржа работен состанок со тренерите од Првата лига-мажи.

На собирот на кој присуствуваа најголем дел од стручните лица, комесарот Милојевиќ на присутните тренери им ја презентираше анализата на натпреварувачката сезона 2021/2022, а во размената на мислења, беа апострофирани и некои пооделни аспекти за подобрување на квалитетот на натпреварите во настапувачката која стартува веќе на 8. октомври со мечевите од првото првенствено коло.

Одговорниот за регуларноста на лигите укажа и на некои квантитативни показатели за претходната натпреварувачка сезона.

Во исто време ги информираше прволигашките тренери и за измените во официјалните кошаркарски правила на ФИБА, кои стартуваат веќе од 1. октомври, 2022 година, и ги потенцираше деловите од дополнувањата во Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги за новата натпреварувачка сезона.

Scroll to Top