Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор неодамна беше во Мајами, каде го следеше финалето на НБА меѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс. Американскиот медиум „ТМЗ“ сега објави дека Мекгрегор бил обвинет дека во таа прилика силувал жена непозната за јавноста.
„ТМЗ“ тврди дека Мекгрегор, наводно, со помош на обезбедувањето во „Касеја Центар“, каде Мајами Хит играат домашни натпревари, ја одвоил жената од нејзината пријателка и ја турнал во машкиот тоалет. Обезбедувањето наводно не и дозволило да излезе и други луѓе да влезат во тоалетот додека Мекгрегор сексуално ја нападнал.
По извесно време жената успеала да се ослободи и да побегне, а потоа ја пријавила ММА ѕвездата во полиција. Мекгрегор и претходно беше обвинет за исто дело во Ирска, кога една жена тврдеше дека ја силувал во Даблин во 2018 година.