Кошаркарките на Бадел ќе ја бранат титулата во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија откако славеа во „мајсторката“ од полуфиналната серија против Струга со 56:53. Во финалето тие ќе ги одмерат силите со Баскет Кам.
Натпреварот беше неизвесен до крајот. Софи Ли не реализира слободно фрлање за израмнување (54:53), а во следниот напад Матие погоди за триумф.
Матие и Димитријевиќ беа најдобри поединки во победничкиот тим. Матие уфрли 18 поени, а Марија Димитријевиќ три помалку.
Во редовите на Струга, најефикасна беше Софи Ли до 24 постигнати кошеви.