Кошаркарките на Баскет Кам и по третпат беа многу подобри од МЗТ Скопје Аеродром, остварија триумф (48:83) на гости и се пласираа во финалната серија за титулата.
Практично сѐ беше решено уште во првото полувреме од овој трет, и последен меч од полуфиналната серија.
По првата четвртина, гостинскиот тим се одвои со девет поени (12:21), а до полувремето веќе создаде недостижни, 17:43.
Вториот дел беше само чиста формалност, а тренерот Златко Гоцевски им даде шанса и на кошаркарките кои имаат помала минутажа.
На крајот, Максимовска, со 17 поени беше прв стрелец во победничката екипа во која Николов дополни со 15, Адамовска постигна 12.
Најефикасна на теренот беше Симонс, која постигна 18 поени во тимот на МЗТ Скопје Аеродром.