Кошаркарот на Торонто репторс, Теренс Дејвис е уапсен во Њујорк и обвинет со напад откако ја претепал својата поранешна девојка, удирајќи ја повеќе пати по лицето.
Дејвис бил уапсен во вторникот откако се расправал со жената во хотел „Бикман“ во Менхетен, кога покрај ударите, 23-годишниот Американец го скршил и нејзиниот телефон откако таа се обидела да го сними.
Полицијата го привела НБА дебитантот и поднела две пријави за напад, кои може да резултираат и со затворска казна до една година.
Дејвис не беше на НБА драфтот, но беше единствениот кошаркар на Репторс кој настапи на сите 72 меча од регуларната сезона, иако на само четири од нив беше стартер. Во плејофот, тој имаше шест настапи во 11 меча и беше избран во вториот „руки“ тим на НБА. Торонто му дадоа двегодишен договор, но само првата година му е гарантирана.