Top Sport

Зверев против Медведев во кинеското финале

Александер Зверев го совлада Матео Беретини со 6:3/6:4 за пласман во финалето на Мастерсот во Шангај, каде што ќе се сретне со Данил Медведев и ќе може да си ги зголеми шансите за пласман на АТП финалето трета сезона во низа.

22-годишниот Зверев сега има 2.855 поени во Трката за Лондон, или 330 поени пред осмопласираниот Беретини (2.525) и 370 поени пред  деветопласираниот Роберто Баутиста Агут (2.485).

„Чувството е одлично, очигледно. Играв добро цела недела и посебно е чувството да се стигне до Мастерс 1000 финале. Едвај го чекам финалето, бидејќи знам колку е силен Данил“, вели Германецот.

Scroll to Top