Претседателот на шпанската кошаркарска федерација, Хорхе Гарбахоса, објави дека Руди Фернандез, Серхио Родригез и Серхио Љуљ ќе играат за националниот тим на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Сите членови на легендарното трио, кои во неделата со Реал ја освоија Евролигата, потврдија дека ќе играат на Светското првенство.
Љул и Родригез не играа на минатогодишниот Евробаскет, додека Rudi Фернандез со Шпанија ја освои титулата европски првак. Шпанија е и актуелен светски шампион.
Сите тројца освоија светски и европски титули за време на нивната богата кариера со „фуријата“.
Во првата фаза од Мундобаскет, Шпанија ќе игра во групата Г со Иран, Бразил и со Брегот на Слоновата Коска.