Top Sport

Парулеска освои злато на ЕП во традиционално таеквондо

Mакедонската репрезентативка во традиционално теквондо, Христијана Парулеска, освои златен медал на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.

Таа во финалето во борба до 50 килограми ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на највисокото место во пиедесталот.

Парулеска пред два дена во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.

Scroll to Top