Турската кошаркарска репрезентација реши да ги казни своите двајца натурализирани репрезентативци, Скоти Вилбекин и Шејн Ларкин за одбивање да играат, откако загубија во претквалификациите за Олимпијадата во Париз од Франција. По суспензијата од пет меча во турскиот шампионат и финансиската казна од 3.140 евра со лута реакција се јави Ларкин.
„Долго време молчев за ситуацијата во репрезентацијата ова лето поради респектот кој го имам кон играчите кои напорно работеа и се подготвуваа за квалификциите, но сега морам да кажам нешто, бидејќи се покажа огромно непочитување кон мене. Вистина е дека ме повикаа на тренинг-кампот иако знаеја дека имам повреди и дека е ризично да играм. Бев во САД на рехибилитација, а од репрезентацијата ме повикаа да го скенираат моето колено. Се вратив во Истанбул и тука лекарите кажа дека не треба да форсирам. Секогаш сум бил благодарен за шансата која ја добив во Турција и зборував со луѓетео од федерацијата, но тажно е што ме фрлаат под автобус кога делував само да не го ризикувам моето здравје. Турција е мојата втора татковина и ќе остане така“, пишува Ларкин на социјалните мрежи.