Top Sport

Надал го совлада „наследникот“ Алкараз за финале во Индијан Велс

Освојувачот на рекордни 21 гренд слем титули, Рафаел Надал го изддржа предизвикот на својот млад сонародник Карлос Алкараз, за 6:4/4:6/6:3 победа за да се пласира во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, каде што ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц.

Надал, кој во јануари во Австралија ја освои својата 21. гренд слем титула, го продолжи совршениот старт на 2022 во која има 20-0 скор, но добро се испоти против 18-годишниот Алкараз во меч од 3 часа и 12 минути. Фриц претходно со 7:5/6:4 го совлада светскиот рекет број 7, Русинот Андреј Рубљев.

Искуството на Надал беше клучно, откако му беа потребни пет сет-топки да го освои првиот сет, и тинејџерот, кој беше дел од академијата на својот сонародник вели дека е задоволен од својата игра.

„Играв против Рафа и беше доста тесно. Си заминувам среќен. Првиот пат кога играв против него, тој ме уништи, овојпат игравме трет сет, така што сум навистина среќен. Мислам дека заслужувам да играм на највисоко ниво“, изјави Алкараз.

Scroll to Top