Леброн Џејмс смета дека генералниот менаџер на Хјустон рокитс, Дерил Мори „не бил доволно едуциран“ пред на Твитер да ја прати пораката со поддршка на анти-владините протести во Хонгконг, порака која направи огромна штета на односите на НБА лигата и Кина.
Мори на Твитер на 4 октомври ги поддржа протестантите во Хонгконг, по што НБА лигата загуби еден куп на кинески спонзори. Леброн не го поддржува.
„Не сакам да влезам во вербална расправија со Дерил Мори, но верувам дека не бил доволно едуциран за ситуацијата кога го напиша тоа. Многу луѓе можеа да бидат оштетени не само финансиски, туку и физички, емоционално и духовно. Да, имаме слобода на говор, но има и многу негативни работи околу тоа. Социјалните мрежи не се секогаш совршен начин да се изразуваат мислења“, вели Џејмс.
Тој додава дека ќе се врати во Кина кога ќе има можност.
„Мене лично, секогаш ме пречекувале со отворени раце. Сум бил во Кина 15-20 пати. Главната причина е кошарката. Спортот ги зближува луѓето на толку начини што никој не го очекувал. Затоа одиме во Кина, да го промовираме спортот“, вели Леброн.
НБА лигата не смее да ги поддржува протестите во Хонгконг за да не ја навреди Кина