Лос Анџелес лејкерси во дербито на вечерта стигнаа до убедлива 124:115 победа на гости кај Хјустон почнувајќи ја низата од пет меча на гости без Ентони Дејвис, но со фантастичниот Леброн Џејмс, кому дури и гостинските навивачи му извикуваа „МВП“.
Откако губеа со 11 поени во првото полувреме, Лејкерси направија пресврт во третата четвртина и на крајот беа убедливи, за Рокитс да го забележат третиот пораз во низа и четвртиот во последните пет меча.
Леброн Џејмс имаше 31 поен, додаде 12 асистенции со што по осми пат оваа сезона има над 30 поени и 10 асистенции во еден меч, најмногу од еден играч на Лејкерси по Меџик Џонсон во 1989/90. Затоа, можеби не беше зачудувачки, што и публиката во „Тојота центарот“ му извикуваше „МВП“. Покрај него, Кајл Кузма имаше 23 поени, а Грин и Колдвел-Поуп имаа по 20 поени.
LeBron’s getting “MVP!” chants in Houston ? pic.twitter.com/AAwFiqcnhf
— SportsCenter (@SportsCenter) January 19, 2020
Милвоки бакс, пак, повторно славеа доминантно, победувајќи на гости кај Бруклин со 117:97. Јанис Адетокумбо беше незапирлив со 29 поени и 12 скока, а тука беше и Мидлотон со 20 поени. Бостон дома загубија од Феникс со 123:119 предводени од Девин Букер со 39 поени и 10 скока, додека Дерик Роуз ги предводеше Детроит пистонс до 136:103 победа над Атланта со 27 поени и 9 асистенции.