Top Sport

Лејкерси со драматична победа во Мемфис (видео)

Лос Анџелес лејкерс стигнаа до 109:108 победа на гости кај Мемфис гризлис во драматична завршница, предводени од Ентони Дејвис.

Мемфис имаа двоцифрена предност на крајот на првата четвртина (35:25), но Лејкерси успеаја да се вратат во игра со одлична третата четвртина, за во финишот да се влезе со предност од еден поен 85:84. На три минути пред крајот, Мемфиси имаше 105:100, пред Дејвис со 9 поени во низа да ги крене Лејкерси.

Дејвис заврши со 22 поени, 4 скокови и 3 асистенции и украдени топки, додека Леброн Џејмс постигна 30 поени, 6 скока и четири асистенции.

Одлична партија имаа и Јута џез, кои стигнаа до 11. триумф оваа сезона, победувајќи ги Њу Орлеанс со 128:120, предводени од Донован Мичел, кој имаше 37 поени, 7 скока и 5 асистенции. Богдановиќ имаше 28 поени и 5 скока и 5 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Чикаго 115:116

Индијана – Орландо 111:106

Атланта – Торонто 116:119

Њујорк – Сан Антонио 104:111

Филаделфија – Мајами 113:86

Кливленд – Портланд 110:104

Мемфис – Лос Анџелес лејкерс 108:109

Милвоки – Детроит 104:90

Јута – Њу Орлеанс 128:120

Scroll to Top