Top Sport

ФИФА и забрани на Данска да истакне порака „Човекови права за сите“

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и забрани на данската репрезентација да тренира во дресови со пораки за почитување на човековите права на Светското првенство во Катар.

Фудбалскaта федерација на Данска (ДБУ) сакаше играчите на националниот тим да тренираат во Катар облечени во дресови на кои пишува „Човекови права за сите“.

Данска долго време се противи на организацијата на Светското првенство во Катар и го брани почитувањето на правата на работниците мигранти и ЛГБТ популацијата.

„Испративме барање до ФИФА, но одговорот беше негативен. Жалиме, но мораме да го земеме предвид“, изјави за данските медиуми генералниот секретар на федерацијата, Јакоб Јенсен.

ДБУ не се согласува дека тоа е политичка порака, но нагласи дека ќе ја почитува одлуката на ФИФА.

Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември, а Данска ќе игра во групата Д со Франција, Австралија и со Тунис.

Scroll to Top