Кошаркарската репрезентација на Македонија оваа година нема да ги игра предвидените квалификациски натпревари во Б-групата за пласман на Европското првенство. Коронавирусот во целост го измести календарот, голем број држави ги поништија сезоните, поради што ФИБА во договор со УЛЕБ ќе ги помести квалификациите.
Македонија во ноември, според календарот треба да игра во гости на 27 и 30 ноември со Италија и Естонија.
ФИБА најверојатно овие мечеви ќе ги помести во февруари наредната година, кога требаа да се одиграат дуелите од петтото и шестото коло.
Македонија квалификациите во Б-групата ги започна со поразите од Естонија во Скопје (81:72) и Русија во Перм (77:67).
фото/kfsm.mk