Машката македонската кошаркарска селекција за играчи до 18 години и во четвртиот натпревар на Европското првенство Б дивизија што се игра во Романија забележа победа. Нашите кошаркари со 83:58 бееа подобри од Словачка.
Избраниците на селекторот Тони Симиќ со денешниот триумф кој е четврти во исто толку мечеви го потврдија првото место во групата.
Македонските кошаркари одиграа одлична втора четвртина и на полувреме се замина со предност од +12, 42:30.
Во продолжението од натпреварот предноста се зголемуваше, а во последната четвртина нашите кошаркари стигнавме до убедлив триумф од 83:58.
Најефикасни во нашиот состав беа Дарио Митевски и Андреј Јакимовски со по 10 поени.
Во последното коло утре македонската репрезентација ќе игра против Данска.