Играчите на Хјустон и Портланд, Ерик Гордон и Си-Џеј Мекалум објавија дека нема да играат за репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина.
Овие двајца го продолжија трендот што го започнаа Ентони Дејвис и Џејмс Харден, кои претходно му откажаа на селекторот Грег Поповиќ. Дејвис и Харден требаа да бидат најголемите ѕвезди на Американците на Мундобаскетот.
Овие четворица играчи го одбиле повикот бидејќи „сакале да се подготват за напорната НБА-сезона во која влегувале со големи лични и тимски амбиции“.