Top Sport

Мело е десетти најдобар стрелец во историјата на НБА

Кармело Ентони, еден од најдобрите поентери во историјата на НБА лигата, се искачи на десеттото место, на листата на најдобри стрелци во НБА лигата.

Во поразот на Портланд од Атланта 114:123, Кармело постигна 14 поени, со кои дојде до бројката од 27.318 поени во кариерата. До крајот на сезоната, Кармело, може да го „скокне“ и Мосез Мелоун на деветтото место.

Кармело до Мелоун го делат 92 поени, но доколку до крајот на регуларниот дел од сезоната биде на својот просек од 13,6 поени, тогаш може да дојде и до деветтото место.

Кармело е единствениот меѓу Топ 10, кој во кариерата не освоил шампионски прстен, ниту пак бил прогласен за МВП.

Scroll to Top