Кармело Ентони по рдногодишна пауза се враќа во НБА лигата и тоа во дресот на Портланд Трејлблејзерс. Медиумите кои ја објавија оваа информација тврдат дека ветеранот од Портланд ќе добие „негарантиран“ договор и дека по ден ќе биде платен 14.490 долари.
Договорот помеѓу Портланд и Ентони ќе стане постојан на 7 јануари наредната година.
„Зелено светло“ за овој трансфер дал првиот играч во тимот Демијан Лилард.
Десеткратниот учесник на Ол-стар натпреварите нема клуб една година откако лани ги напушти Хјустон Рокетс. Портланд
ќе биде неговиот петти клуб во НБА лигата по Денвер, Њујорк, Оклахома и Хјустон.
Ентони во тимот треба да биде замена за повредениот Зак Колинс.