Top Sport

Милош Теодосиќ ќе ја засили Црвена Звезда

Српската кошаркарска ѕвезда Милош Теодосиќ постигнал договор со Црвена Звезда и ќе биде огромно засилување за „црвено-белите“ во наредната сезона од Евролигата.

Поранешниот капитен на српската кошаркарска репрезентација имал разговори со тренерот Душко Ивановиќ и со челниците на Црвена Звезда и го договорил враќањето во Белград.

Теодосиќ досега го носеше дресот на Виртус Болоња, но договорот му истече и не најде заеднички јазик за продолжување на соработката.

За Црвена Звезда доаѓањето на Милош Теодосиќ ќе биде трето засилување ова лето, по Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ.

 

 

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');