Водечкиот тим во НБА лигата Милвоки Бакс без најдобриот играч Јанис Адетокумбо забележа пораз во Денвер во дербито на вечерта. Нагетс ги победија Бакс со 109:95. Ова е трет пораз за Милвоки на турнејата во Западната конференција, претходно беа поразени од ЛА Лејкерс и Финикс.
Денвер по неочекуваниот пораз од Кливленд успеаја да слават иако не одиграа квалитетен меч. Нагетс максимално го искористија неиграњето на Адетокумбо. „Фрик Грик“ има повреда на коленот и веројатно ќе пропушти уште еден натпревар.
Џамал Мареј со 21 поен и по пет скока и асистенции, односно Пол Милсап со 20 поени и 10 скока го предводеа тимот од Колорадо. Потфрли најдобриот играч Никола Јокиќ со за него скромините 10 поени, девет скока и седум асистенции.
Кај Милвоки се истакнаа ветеранот Кајл Корвер со 23 и Стерлинг Браун со 16 поени.
Нагетс со скро 43/21 се наоѓаат на третото место на Западот, додека Бакс се први на Истокот и воопшто во лигата со скор 53/12.