Македонската кошаркарска репрезентација ја запиша и втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2021 година, откако во полупразната арена „Борис Трајковски“ со 90:76 (20:19, 23:16, 24:17, 23:24) ја совлада Романија.
Со ова Македонија е на врвот на својата група, откако претходно драматично бевме подобри од Косово во Приштина, и се отвара „вратата“ кон пласман во квалификациите за Европското првенство.
Македонија имаше водство во текот на целиот натпревар против Романците, за на крајот тимот на Јорданчо Давитков да запише убедлива победа. Бојан Трајковски и Војдан Стојановски беа најрасполжени за игра и постигнаа по 21 поени, а Стојановски запиша и 13 скокови и 5 асистенции. Кај гостите најефикасен беше натурализираниот Романец, Џордан Ватсон со 17 поени, а Николае Никулеску имаше 16.
Фото: МКФ