МЗТ Аеродром Скопје стигна до 84:70 (20:16, 21:21, 19:15, 24:18) победа над Сараево Спарс во вториот полуфинален меч од плеј-офот во втората АБА-лига, овојпат без драма, за да се пласира во финалето во кое ќе брка враќање во првата АБА-лига.
Првиот меч во Сараево беше драматичен, откако „металците“ се вратија од 17 поени негатива за победа, додека во „Јане Сандански“ немаше ваква драма, откако предноста направена во првата четвртина, домашниот тим ја оддржа во текот на целиот меч.
Хрватот Иве Иванов беше најефикасен со 24 поени, Дамјан Стојановски беше одличен со 19 поени, а Медфорд додаде 14.
Следен за МЗТ ќе биде подобриот од дуелот меѓу Борац Чачак и Приморска, кои вечерва го играат вториот полуфинален меч во Србија. Приморска, клубот со најдобар скор во регуларната сезона, има 1:0 водство.
Фото: АБА лига