Кошаркарите на МЗТ Скопје се победници на „Земун купот“, турнир кој во Белград се одржуваше во изминатите два дена.
МЗТ во финалето ја победи екипата на Малдост од Земун со 86:80. Лидер на теренот беше Мајк Кафи, кој средбата ја заврши со 19 поени, а зад него беа Страхиња Миќовиќ со 12 и Дамјан Стојановски односно Еван Максвел со по 11 поени.
Ова беше четврта победа во низа за кошаркарите на МЗТ во подготвителниот период,