МЗТ Скопје Аеродром го совлада Феникс со 70:78 и оствари планиран триумф во Суперлигата. Младиот состав на Феникс 2010, предводен од одличниот Бојан Трајковски, кој имаше ефект од 25 поени и 17 скока, стигна и на минус од два поени, но остана без енергија во последните пет минути од дуелот.
На истекот на третата четвртина МЗТ Скопје водеше со 66:48, но потоа Феникс направи серија од 11:0, а породолжи и стигна до само два поени негатива (66:68). Сепак, искуството пресуди, па на крајот тимот на Ацо Петровиќ ја доби битката.
Еуро Никел го совлада ТФТ со 67:55, а во ова трето коло Гостивар славеше на гости против Пелистер (71:72).