НБА одлучила кошаркарите повеќе да не мора да одат на факултет за да го најдат своето место на драфтот. Ова правило треба да важи од сезоната 2024/25.
Челниците на најсилната лига во светот ја спуштија старосната граница за настап во НБА од 19 на 18 години, со што им овозможија на средношколците директно од ученичките клупу да си го заземат местото во професионалната кошарка.
Истото правило важеше и во периодот од 1995 до 2005 година. Тоа им овозможи на неколку големи играчи да го прескокнат колеџот. Најпознати се Коби Брајант, Леброн Џејмс и Кевин Гарнет.
Според претходните правила, играчите мораа да поминат најмалку една година на факултет за да се пријават на НБА драфтот.