Комесарот во НБА лигата, Адам Силвер вчера изјави дека ако се појави коронавирусот во комплексот „Disney World“ на Флорида каде ќе бидат собрани 22-те екипи, првенството ќе биде прекинато.
„Доколку бидеме соочени со интензивно ширење на коронавирусот, тоа би можело да не доведе до прекин. Моментно не постои опција без ризик. Мојот краен заклучок е дека можеме да го заобиколиме вирусот. Мислиме дека ќе биде позаштитени во кампусот“ – рече Силвер.
НБА лигата е прекината на 11 март, а би требало да продолжи на 30 јули со мечот Јута Џез – Њу Орлеанс Пеликанс.
Мечевите ќе се играат без публика, но барем засега проблем претставува што дури 16 НБА играчи се заразени со опасниот вирус: