Top Sport

НБА плеј-оф: Јута ги елиминираа Вестбрук и Тандер! (видео)

Дебитантот Донован Мичел постигна 38 поени за да помогне Јута џез да ја добие серијата од првото коло од плеј-офот против Оклахома сити тандер по 96:91 победата за вкупни 4:2 и за дуел со прворангираните Хјустон во второто коло.

Расел Вестбрук имаше седум тројки за да забележи 46 поени и 10 скока за Тандер, но седмиот натпревар со над 40 поени не донесе победа за Тандер, кои се сметаа за фаворити во овој дуел.

Од другата страна, Мичел имаше вкупно 171 поени во шесте натпревари, што е трет најдобар скор за еден дебитант. Карим-Абдул Џабар (тогаш познат како Лју Алкиндор) имаше 216 во 1970, а Вилт Чембрлен имаше 1999 во 1960 година.

Кајл Лаури собра 24 поени, а Торонто имаше помош од клупата за победа над Вашингтон визардс со 102:92 и за 4:2 победа во серијата во „Капитал уан“ арената. Репторси, кои се први носители на Истокот, ќе играат со подобриот од дуелот Кливленд-Индијана.

Демар Дерозан имаше 16 поени, а Јонас Валанчиунас 14 поени и 12 скока за Торонто да стигне до единствената гостинска победа, додека за Визардс, Бредли Бил имаше 32 поени.

Вториот дуел на Истокот е израмнет, откако Индијана пејсерс со 121:87 ги „растурија“ Кливленд за израмнување на 3:3. Виктор Оладипо имаше 28 поени, 13 скока и 10 асистенции за да обезбеди „мајсторка“ во Кливленд.

НБА ПЛЕЈ-ОФ

(4:2) Јута – Оклахома сити 96:91

(2:4) Вашингтон – Торонто 92:102

(3:3) Индијана – Кливленд 121:87

Фото: ЕПА

Scroll to Top