Несигурна е иднината на Кармело Ентони во НБА франшизата Хјустон. Популарниот Мело на почетокот на сезоната од Оклахома се пресели во Тексас, но тој како и целиот тим игра лошо.
Ентнони е 10-кратен учесник на „Ол стар“ натпреварите, еден од најдобрите шутери во историјата на лигата, но последните неколку години е далеку од тоа ниво.
Мело не успева да го даде придонесот во нападот на Хјустон.
Крилниот играч не играше во дербито на Тексас против Сан Антонио поради „настинка“, а „ЕСПН“ објави дека двете страни се во разговор околу неговата иднина.
Дискусијата е во насока околу улогата на Ентони. Оваа сезона тој за 29 минути има учинок од 13,4 поени и 5,4 скока. Неговиот просек во кариерата е 24 поени, 6,5 скока и три асистенции.