Задар го совлада МЗТ Скопје Аеродром со 86:75 (29:18, 21:22, 16:22, 20:13) во третиот квалификациски меч за влез во АБА лигата, за македонскиот клуб да ја загуби серијата со 2:1 и да пропушти уште една шанса за враќање во првата лига на регионалното натпреварување по настапите во втората лига.
„Металците“ не успеаја да го повторат изненадувањето од првиот меч, кога го декласираа хрватскиот клуб на нивни терен, по што не успеаја на домашен терен бргу да ја завршат серијата. Овој пораз доаѓа откако претходно МЗТ ја загуби и финалната серија на АБА2 лигата од Приморска.
Иванов и Медфорд беа најдобри за МЗТ со по 22 поени, додека 11 додаде Симоновски, додека за Задар доминираше Лука Жориќ со 29 постигнати поени.
Фото: АБА лига