Кошаркарската репрезентација на Нов Зелан, го откажа настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио. ФИБА, дополнително ќе одреди која репрезентација од Азија ќе влезе на местото на Нов Зеланд.
Нов Зеланд, требаше да учествува на турнирот чии домаќин е Белград од 29.јуни до 4.јули. Во А-групата, покрај Нов Зеланд се Србија и Доминиканската република, а во Б-групата, ќе се натпреваруваат Португалија, Италија и Сенегал.
Само победникот на турнирот ќе избори пласман во Токио.