Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, официјално е добитник на МВП наградата во НБА лигата. Српскиот репрезентативец за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната беше прогласен и минатата сезона.
Јокиќ стана 13-тиот играч кој ја освоил престижната наградата во последователни сезони, тој им се придружи на Карим Абдул-Џабар, Џенис Адетокумбо, Лери Бирд, Вилт Чембрлен, Стивен Кари, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Мозес Мелоун и Бил Расел.
Јокиќ доби 875 поени (65 гласа за прво место) од глобалниот панел од 100 спортски новинари и радиодифузери.
Центарот на Филаделфија Џоел Ембид заврши на второто место со 706 поени (26 гласа за прво место).
Третото место го освои Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс со 595 поени (девет гласови за прво место), следуваат Девин Букер од Финикс Санс со 216 поени и на петтото место, Лука Дончиќ, од Далас Маверикс со 146 поени.
Играчите добиваа 10 поени за секој глас за прво место, седум поени за секое второ место, пет поени за трето место, три поени за секој глас за четврто место и по еден поен за секој глас за петто место.
Ова е првпат првите тројца и четворицата од најдобрите пет во наградата за најкорисен играч на НБА да бидат странци, при што Србинот Јокиќ, Камерунецот Ембид и Гркот Адетокумбо се најдоа во првите три, во најдобрите петмина е и Словенецот Дончиќ. првите пет.
Јокиќ е вториот европски играч кој ја освоил наградата неколку пати, по Адетокумбо, кој беше МВП во сезоните 2018-19 и 2019-20.