Top Sport

Олимпијакос влегува во АБА-лигата, ќе добијат договор на три години?

Грчкиот кошаркарски великан, Олимпијакос, како сега стојат работите ќе игра во АБА-лигата во наредните три сезони. Клупските челници се незадоволни од третманот што го имаат кај судиите во грчкиот шампионат, поради што бараат начин да ѝ се приклучат на АБА-лигата.

Емисари на клубот од пред неколку дена тргнале на пат низ поранешна Југославија. Биле во Белград и Загреб, а наредна станица ќе им биде Подгорица. Челниците на Олимпијакос имале во план да ги посетат сите клубови што се натпреваруваат во АБА-лигата, со цел да им го изложат планот и програмата околу нивното учество во лигата.

Тие биле подготвени да го прифатат условот што го поставиле од АБА-лигата, а тоа е најмалку три години да учествуваат во лигата.

Грчките спортски медиуми објавија дека состаноците со Црвена ѕвезда и Партизан, односно Цедевита и Цибона биле задоволителни, а следна станица ќе им биде главниот град на Црна Гора и состанок со челниците на се уште актуелниот шампион, Будуќност.

Барем засега најголем проблем претставуваат трошоците на кои ќе бидат изложени тимовите кога треба да гостуваат во Пиреја. Неколку неименувани екипи побарале трошоците да одат на сметката на Олимпијакос.

Доколку Олимпијакос добијат дозвола да ѝ се приклучат на АБА-лигата, тогаш таа ќе мора да биде проширена, што значи дека ќе профитира Олимпија, екипа што сезонава ја заврши на последното место.

Интересно е и правилото што владее во Грција, односно екипа што две години нема да се натпреварува во некое од домашните натпреварувања го губи статусот на клуб. Олимпијакос овој проблем ќе го решат со формирање на екипа што биде се натпреварувала во Втората грчка лига., со што би ја оставиле отворена можноста да се вратата во најсилниот ранг.

Scroll to Top