Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја доби наградата „Александар Гомељски“, која е наменета за најдобриот тренер во Евролигата, за изминатата сезона. Ласо втор пат во кариерата ја доби оваа престижна награда.
Ласо, прв пат наградата „Александар Гомељски“ ја доби во 2015 година, кога го предводеше Реал до титулата во Евролигата, а исто се случи и оваа сезона. Реал ја освои Евролигата со победата над Фенербахче, во финалето на завршниот турнир во Белград.
Покрај Ласо, две вакви награди има Еторе Месина, додека прв на листата, со три признија за тренер на сезоната е Жељко Обрадовиќ.