Top Sport

Пистонси, конечно, до победа, Леброн и лејкерси доминираа (видео)

Блејк Грифин имаше 27 поени, 8 скока и 6 асистенции за Детроит пистонс по шест меча да победат и во исто време да ја прекратат низата од осум победи на Бостон селтикс со 113:104 домашна победа.

Андре Драмонд имаше 19 поени, 20 скока, 5 блокади и 3 украдени топки за Детроит, а 15 додаде Реџи Булок. Селтикси водеа со 66:63 на почетокот на второто полувреме, но потоа Детроит имаше низа од 13-0 по која немаше враќање. Кајри Ирвинг имаше 26 поени, 8 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки за Бостон.

Лос Анџелес лејкерс пак, имаа лесна 128:100 победа на гости кај Шарлот, откако Леброн Џејмс имаше трипл-дабл (24 поени, 12 скока и 11 асистенции), пред да ја паузира целата последна четвртина.

Лејкерс имаа 16 поени предност во првото полувреме, а оваа разлика само се зголеми на почетокот на третата четвртина со низата од 19-2.

Чикаго се врати од негатива од 21 поен, за да стигнат до шокантна гостинска победа од 98:93 над Сан Антонио, предводени од Кевин Дан (24 поени) и Лаури Марканен (23). Булси им дозволија само 31 поени во второто полувреме на домаќините.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Бостон 113:104

Сан Антонио – Чикаго 93:98

Шарлот – Л.А. Лејкерс 100:128

Орландо – Јута 96:86

Хјустон – Мемфис 105:97

Оклахома сити – Л.А. Клиперс 110:104

Феникс – Минесота 107:99

Scroll to Top