Џери Слоун, легендарниот тренер на Јута џез и поранешен НБА кошаркар почина на 78 години, откако од 2016 година се бореше со Паркинсоновата болест и деменцијата.
Слоун е еден од најлегендарниот тренери во НБА историјата и четврти на листата на тренери со најмногу победи (1.221). Помеѓу тренерите кои имаат барем 500 натпревари во лигата, тој е деветти со просек од 60.3 отсто победи.
Слоун помина 23 сезони со Јута, и заедно со Грег Попович од Сан Антонио, се единствени тренери со 1.000 победи со еден тим. Во 26 сезони, од кои три помина со Чикаго булс, тој имаше само три „лузерски“ сезони.
Тој се повлече од спортот во 2010/11 и покрај тоа што газдите на Џез се обидоа да го убедат да ја комплетира сезоната.
Слоун ги предводеше Џез до пласман во плејофот во 13 сезони со најмалку 50 победи. Со Карл Мелоун и Џон Стоктон на теренот, Џез победија двапати во Западната конференција, но ги загубија финалињата од Чикаго булс предводен од Мајкл Џордан. Слоун влезе во Куќата на славните во 2009 година.