Top Sport

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите четири ќерки, тие го повлекоа извештајот, но повеќе американски извори потврдија дека во хеликоптерот била неговата 13-годишната ќерка, Џана Марија Оноре, попозната како Џиџи.

Според „ТМЗ спорт“, Коби и Џиџи биле на пат до „Мамба“ академијата на Брајант за кошаркарски тренинг кога се случила несреќата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');