Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер, побарал да биде разменет во друг тим, јави познатиот НБА инсајдер, Шемс Чаранија. Според овој новинар Батлер на клубот му доставил список од три тима каде би сакал да ја продолжи кариерата.
Кошаркарот имал средба и со тренерот Том Тибодо, на кого исто така му кажал дека сака трејд, а наводно посакуваните локации му биле ЛА Клиперс, Њујорк Никс или Бруклин Нетс.
Батлер има договор уште оваа сезона, така што не е сигурно кој од овие тимови би сакал да го ангажира.
Изминатите денови медиумите пишуваа дека Батлер има големи несогласувања со младата ѕвезда на Минесота, Карл-Ентони Таунс, поради што решил да побара трејд.