Top Sport

Реал ги „дробеше“ Армејците, конечно, победа и за Фенербахче

Аргентинската двојка на Реал Мадрид, Габриел Дек и Факу Кампацо ги предводеа „кралевите“ до импресивна 97:81 победа над актуелниот шампион од Евролигата, ЦСКА Москва, за петта победа во низа и седма во 10 меча.

Дек имаше фантастични 17 поени, 11 скока и 6 асистенции, додека Кампацо додаде 18 поени, 6 асистенци и четири скока, додека за ЦСКА, Јоханес Фоигтман имаше 20 поени со четири тројки, а Мајк Џејмс имаше 14 поени. ЦСКА паѓа на 6-4 скор оваа сезона и првпат под топ 4.

Фенербахче пак, конечно, стигна до третата победа во 10-тото коло од Евролигата, откако им го нанесе на Асвел Лион првиот домашен пораз со 88:72. Овојпат немаше драматични тајмаути на Жељко Обрадовиќ, откако неговиот тим играше одлично од стартот до крајот ан мечот. Владимир Штимац имаше 21 кош и 8 скока, додека Вилијамс имаше 17 поени.

ЕВРОЛИГА, 10.КОЛО

Баерн Минхен – Панатинаикос 75:87 (24:16, 11:20, 18:29, 22:22)

Асвел Лион – Фенербахче 72:88 (16:19, 20:29, 16:19, 20:21)

Барселона – Макаби Тел Авив 96:73 (21:18, 22:28, 31:20, 22:7)

Басконија – Зенит Петербург 70:60 (15:18, 19:10, 18:16, 18:16)

Реал Мадрид – ЦСКА Москва 97:81 (23:19, 29:29, 23:16, 22:17)

Scroll to Top