Реал Мадрид го декласираше Фенербахче со 97:63 сред Истанбул за да обезбеди место во плејофот во Евролигата, и да постави рекорд во европската елита со неверојатни 19 постигнати тројки.
„Кралскиот“ клуб водеше од стартот до финишот на мечот, покажувајќи неверојатна супериорност во првата и последната четвртина. Фабиен Касер (20 поени), Габриел Дек (19 поени) и Николас Лапровитола (18 поени и 10 асистенции), го предводеа Реал до неверојатна победа.
Кошаркарите на Пабло Ласо го завршија првото полувреме со ниту една загубена топка и седум офанзивни скока, постигнувајќи 19 поени по грешки на нивните противници.
ЕВРОЛИГА, 34.КОЛО
ЦСКА Москва – Асвел Лион 88:70 (18:15, 24:21, 16:24, 30:10)
Жалгирис – Панатинаикос 93:78 (27:14, 25:33, 22:13, 19:18)
Фенербахче – Реал Мадрид 67:93 (11:23, 25:26, 21:18, 10:26)
Алба Берлин – Црвена звезда 79:55 (24:22, 25:8, 17:16, 13:9)